Description

Станбената зграда се наоѓа на ул.”Прашка” бб, Општина Карпош Скопје.

Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 2492 м2, додека површината за градење изнесува 1046 м2.

Висината на објектот е П+8+Пк и галерија на поткровје, како и подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезовите во станбената зграда се наоѓаат од ул.”Прашка”.

На приземјето се проектирани деловни и магацински простории. Влезовите за деловните простории се исто од улица Прашка, додека од сервисната улица се сместени магацинските простории.

На катовите од 1 до 8 се проектирани станови со различна структура и тоа од: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови. На поткровје и галерија на поткровје се проектирани 8 дуплекс станови засебно за влез 1 и влез 2.

Пристапот од подрумскиот дел е преку сервисната улица, каде што се сместени паркинг местата.

Project Description

Објектот е пуштен во употреба во 2020 година.

Release Date:

07/15/2020

Category: