Description

Станбената зграда се наоѓа на ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари Скопје.

Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 966 м2, додека површината за градење изнесува 526 м2.

Висината на објектот е П+6+Пк , како и три  подрумски нивоа во кои е решено паркирањето.

Влезот во зградата  е од ул.” Шуто Оризари ”.

На приземјето се проектирани 10 деловни простории со различна квадратура . Влезовите за деловните простории се исто од ул.” Шуто Оризари ”.

На катовите од 1 до 6 и поткровје се проектирани станови со различна структура и тоа од:  двособни, трособни и станови за лица со посебни потреби.

Пристапот до подрумскиот дел е преку Новопланирана улица, каде што се сместени паркинг местата.

Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови.

ТИПОВИ НА АПАРТМАНИ
Становите по структура се со различна големина и тоа од: двособни, трисобни и апартмани за лица со посебни потреби. Апартманите се дизајнирани на таков начин да ги задоволат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности.

Project Description

Објектот е пуштен во употреба во 2024 година.

Release Date:

11/12/2024

Category: