Завршени Проекти
- Home
- Завршени Проекти
Наследството на Извонредност

Објектот се наоѓа на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир во Скопје. Се состои од: Приземје, 7 ката и поткровје со вкупна површина од 10.000м2. Оваа зграда содржи 90 станови, завршена во 2006 година.

Објектот се наоѓа во ексклузивен и мирен дел на општина Чаир во Скопје. Овој модерен објект успешно функционира за деловни активности како и за удобно семејно живеење со вкупна површина од 15.000м2. Објектот е завршен во 2009 година.

Објектот претставува стара архитектура од значење за Републиката и е културно историски објект кој датира од минатиот век. Се наоѓа на Кале во Скопје. Објектот е успешно реновиран во сите рамки на историски и културни вредности.

Комплексот Багдатска се наоѓа во срцето на Скопје, во атрактивен и тивок дел од населбата Тафталиџе, познат како Млечен ресторан. Комплексот е завршен во 2013 година.

На падините на Водно се наоѓа елитниот комплекс Палата Водно. Атрактивната локација на Палата Водно е во комбинација со луксузни апартмани и сопствен паркинг. Објектот беше пуштен во употреба во 2014 година.

Станбено-деловниот комплекс „Партизанска“ се наоѓа во општина Карпош 3, на булеварот „Партизански одреди“ бр. 106.

Станбено-деловниот комплекс „Skopje City Garden“ е модерна зграда. Комплексот е збогатен со над 3000m² деловен простор на приземјето. Објектот е пуштен во употреба во 2018 година.

Станбената зграда Маџир Маало се наоѓа во општина Центар, на улица Маџир Маало бб, Скопје. Објектот е завршен во 2019 година.

Станбената зграда се наоѓа на ул. „Паршка“ бр. 15, Општина Карпош Скопје. Објектот е пуштен во употреба во 2020 година.

Станбената зграда се наоѓа на Бул. Јане Сандански, бр. 13, општина Аеродром. Располага со 248 станбени единици распоредени во 4 влеза. На приземје се планирани деловни простории. Објектот е пуштен во употреба во 2022 година.

Станбено-деловен објект лоциран на улица 23 Октомври бр.7А кој е веднаш до ОУ "Браќа Миладиновци" во општина Аеродром-Скопје. Објектот е пуштен во употреба во 2022 година.

Станбената зграда се наоѓа на улица „Груица Војвода“ бр. 2, Општина Бутел, Скопје. Објектот се состои од две летви, кула и блок на приземје каде се проектирани деловни и магацински простории. Пуштен во употреба 2023 година.

Станбената зграда се наоѓа на улица „Индира Ганди“ бр. 53, општина Шуто Оризари. Објектот е пуштен во употреба во 2024 година.