За ЗСФ КОМ

ЗСФ КОМ ДООЕЛ е компанија за градежништво која во своето дваесетгодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото .

ЗСФ КОМ има изградено неколку икони, објекти кои се дел од градскиот пејсаж. Високата професионална обука на вработените, континуираното усовршување и следење на стандардите, овозможуваат успешна реализација на проектите со специјални барања и високи стандарди.

Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, искуството со реномирани соработници и релевантни институции, компанијата е подготвена да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.

Тимот, предводен од Фатмир Етеми, вклучува високо образован и квалификуван менаџмент и искусни, квалификувани и лиценцирани инженери, архитекти, адвокати, нотари, геодети и техничари.

Fatmir Etemi

Експанзивен Раст

Спроведување и Развој на Разновидни Инвестициски Стратегии

Тежнееме кон постојано проширување на своите активности и сопствени инвестиции и сме во фаза на имплементирање и развој во следните области:

  • Термо енергетска изолација

    за максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија-енергетски ефикасни

  • Градба на еко-објекти

  • Изградба на енергетски капацитети

    монтажа на фотоволтаични системи

Стандарди: компанијата работи по ISO9001, EUROCODE 5 и слични релевантни интернационални стандарди.

БЕЗБЕДНОСТ

Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи им даваме доверба во брзината на градба, почитување на роковите и гаранциите за вградените материјали.

КВАЛИТЕТ

Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да постигне врвен квалитет во градежништвото.

ЗСФ КОМ - Лиценци

Нашиот успех се темели на посветеноста, стручноста и квалитетот на нашите вработени лица. Преку лиценците кои ги поседува нашата компанија, нашите професионалци соодветно се ангажирани во изработката на целокупната проектна документација, како и во изведба на градби од втора категорија.

Нашата концепција за работа се темели на:

Одлична координација и екипираност
Добра организација при извршувањето на задачите
Континуирана контрола за квалитетот на работење
Индивидуален пристап на вработените кон зададените задачи
Запазување на роковите