Rubik Tower – Македонски
- Home
- Rubik Tower – Македонски
Функција на Објект
Rubik Tower
Станебно-деловниот објект се наоѓа во општина Карпош на ул. Никола Русински 1А. Станбената зграда ги поврзува главните булевари на градот бул. „8-ми Септември“ и бул. “Партизански Одреди”.
Во непосредна близина на станбената зграда се наоѓаат: Клиника Жан Митрев, Градска болница 8-ми Септември, Поликлиника Букурешт, градинки, основни училишта, средни училишта, универзитети, трговски центри, спортски сали, паркови итн. Локацијата на зградата ви овозможува директна врска со сѐ што е потребно за да се живее современ живот.
Објектот се состои од три влеза
Висината на влезот 1 е P+16+Pk, влезот 2 P+17+Pk, влезот 3 P+10.
Три Влеза
Приземје и 1 кат деловни простории. Станбени единици од 2 кат до 17 кат.
Пристапот до Влезот 1 и Влезот 2 е од северната страна ул. „Никола Русински“
Пристапот до Влезот 3 е од западната пристапна улица ул. „5“.
Пристапот до деловните единици е делумно од бул. „8-ми Септември“, ул. „Никола Русински“, и бул. „Партизански Одреди“, а делумно од пристапната улица.
Пристапот до подземните нивоа е од пристапната улица кој води до влезните рампи.
За Rubik Tower
Станбено деловниот објект се состои од 419 станбени единици сместени во три влеза и со шест големи лифтови. Приземјето и првиот кат од зградата се деловни простории за деловна намена, додека останатите катови се станбени единици. Зградата располага со станови со различна типологија, ориентација и положба. Нудиме гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови кои се дизајнирани на таков начин да ги задоволат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности. Локацијата на зградата овозможува отворен поглед 4од сите страни.

Конструкција
Конструктивниот систем е составен од армирано-бетонски столбови и греди со различни распони, поставени на таков начин да обезбедат пред се сигурност, потоа поволно решение за паркирање и флексибилно решение за станбените единици. Катна висина од плоча до плоча е 3,00м. Сите градежни материјали и вградени инсталации ги задоволуваат важечките технички услови и стандарди во однос на градба, безбедност од пожар, топлинска и звучна изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Материјалите со нивните физички перформанси, структура и боја влијаат на удобноста и пријатното чувство во просторот. Еколошката и хигиенската беспрекорност на вградените материјали се во согласност со прописите за градежни производи, за намената за која се предвидени.
Материјализација
Ѕидови и тавани
- Фасадните ѕидови се изградени со сипорекс блокови со дебелина од 20 cm и соодветна топлинска изолација од 8 cm, со што се одржува високо ниво на енергетска ефикасност на објектот.
- Ѕидовите помеѓу станбените единици и ходниците се сендвич-ѕидови со отпорност на пожар од 2 часа и вкупна d= 26 cm.
- Преградните ѕидови се изработени од сипорекс блокови со дебелина од 12 см, соодветна звучна и топлинска изолација во станбените единици, а во санитарните јазли со соодветна доработка на керамички плочки.
- Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите со висина од 260 cm (бањи) и 60 cm (кујни) се обложени со керамички плочки.
- Површините на плафоните се мазни и светли со минимална рефлексија.


Подови
При изборот на материјали за подот треба да се земе предвид површината на која ќе се постави. Во просториите како дневен престој и генерално собите, завршената изработка на подот ке биде од таркет. Таркет како најдобра опција, лесен за одржување, топол и нијансиран со светли тонови. Повеќеслојниот таркет се состои од 3 слоја дрво прицврстени под агол од 90 степени. Горниот слој на таркетот е изработен од тврдо дрво, а средниот и долниот слој исто така се 100% од дрво.
Материјалот за завршна обработка во просториите каде се употребува вода: кујна, утилити, бања и тоалет ке се користат керамички плочки. Плочките се безвременски и добар избор. Керамички плочки со нелизгава површина и монтирани со соодветна наклонетост кон подните сифони.
Обезбедена е соодветна топлинска и звучна изолација на подовите.
Енергетска Ефикасност

Прозорци
Прозорците се изработени од ПВЦ со термоизолациони профили и термоизолационо стакло (4+16+4) со мин. коефициент. со топлинска спроводливост од 1,3 w/m². Можност за отворање и хоризонтално и вертикално. Во просториите каде што има ниски парапети, прозорците дополнително се заштитени од удари.
Врати
Надворешни влезни врати заштитени од надворешни влијанија со настрешници. Влезните врати и вратите во ветробраните ќе функционираат со автоматско затворање. Влезните врати во станбените единици ќе бидат со ширина од 110cm и висина од 235cm. Внатрешните врати дизајнирани со мирните тонови на природата, нудат долготрајна издржливост со својата широка палета на производи кои се стручно дизајнирани и се прилагодуваат на сите стилови на декорација. Звучна отпорност до 38 децибели, 41 минута отпорност на пожар, систем на тивко заклучување, гаранција за вклучување/исклучување 100.000 пати, структура на површината што лесно се чисти, отпорност од удари и гребнатини и едноставни стилски кодови овозможуваат безвременски дизајн.


Фасада
Зградата е дизајнирана со елементи на современа архитектура во согласност со новите актуелни трендови. Енергетската ефикасност на објектот се постигнува со употреба на класична топлинска изолација.
ДЕМИТ фасадата е тип на изолација што ќе ја покрие Rubik Tower. Овој фасаден систем заштедува до 60% од енергијата. Се поставува директно на надворешните ѕидови на зградата.
Демонстрирано на сликата, процесот на поставување на ДЕМИТ фасадата се постигнува преку употреба на експандиран полистирен, армирана мрежа, фасадни лепила и котви. Последниот слој е малтерот со декоративна текстура, кој е висококвалитетен материјал каде бојата ќе ја задржи истата нијанса долги години.
Загарантиран квалитет каде што заштедата на енергија е наш приоритет.
Зелена Површина
Обезбедена површина на зеленило ви овозможува идеален простор за прошетки со вашите најмили. Непосредната близина на градски парк, спортска сала Борис Трајковски, кејот на Вардар нуди можност за остварување на вашите потреби за спорт и рекреација, овозможувајќи ви квалитетен и здрав живот.