За нас
- Home
- За нас
За ЗСФ КОМ
ЗСФ КОМ ДООЕЛ е компанија за градежништво која во своето дваесетгодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото .
ЗСФ КОМ има изградено неколку икони, објекти кои се дел од градскиот пејсаж. Високата професионална обука на вработените, континуираното усовршување и следење на стандардите, овозможуваат успешна реализација на проектите со специјални барања и високи стандарди.
Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, искуството со реномирани соработници и релевантни институции, компанијата е подготвена да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.
Тимот, предводен од Фатмир Етеми, вклучува високо образован и квалификуван менаџмент и искусни, квалификувани и лиценцирани инженери, архитекти, адвокати, нотари, геодети и техничари.
Експанзивен Раст
Спроведување и Развој на Разновидни Инвестициски Стратегии
Тежнееме кон постојано проширување на своите активности и сопствени инвестиции и сме во фаза на имплементирање и развој во следните области:
-
Термо енергетска изолација
за максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија-енергетски ефикасни
-
Градба на еко-објекти
-
Изградба на енергетски капацитети
монтажа на фотоволтаични системи
Стандарди: компанијата работи по ISO9001, EUROCODE 5 и слични релевантни интернационални стандарди.

БЕЗБЕДНОСТ
Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи им даваме доверба во брзината на градба, почитување на роковите и гаранциите за вградените материјали.
КВАЛИТЕТ
Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да постигне врвен квалитет во градежништвото.
ЗСФ КОМ - Лиценци

